Сеидбата на оризот во кочанско реализирана над 80 проценти

Од:

Водостопанство „Брегалница“ од Кочани во изминатите петнаесетина дена континуирано ја испушта водата од акумулацијата Калиманци низ левиот и десниот магистрален канал на хидросистемот Брегалница за сеидба на оризовата култура во полињата во Виничко, Кочанско, Штипско и Светиниколско.

– Водата од акумулацијата Калиманци ја испорачуваме до крајните корисници на хидросистемот, односно до полињата коишто се предвидени за сеидба на оризовата култура. Досега се се одвива според планот и пролетната сеидба на оризот е реализирана со 80 проценти. Иако оптималниот рок за сеидба според планот завршува за неколку дена, се надевам дека сите планирани површини во општините од регионот ќе бидат насеани под ориз, изјави Николчо Гоцевски, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Тој посочи дека од почетокот на сезоната на наводнување досега максимално се искористени водите од реките во Кочанско, посебно на Оризарска, Кочанска и Зрновска река, но и на Брегалница и Злетовска река, со што е ублажен недостигот на акумулирана вода во акумулацијата Калиманци.

Со измените на годишниот план за наводнување поради лошата хидролошка состојба на теренот, планираните површини под ориз од 5.100 хектари се намалени за 2.500 хектари.

Во акумулацијата Калиманци моментно се акумулирани 75 милиони метри кубни вода. Последните дождови што го зафатија подрачјето придонесоа дотокот на вода од три да се зголеми на пет метри кубни во секунда со што минимално е подобрена состојбата со акумулирана вода во Калиманци.

Површините коишто не се под ориз, земјоделците ги сеат со останатите пролетни култури за да го спасат оптималниот рок за нивна сеидба.

Би можело да ве интересира

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници