Поради големи одрони во источна Македонија поради што се апелира до сите возачи внимателно да управуваат со возилата на патните правци Македонска Каменица-Делчево-граничен премин и Берово-Делчево.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со мали остатоци од кашест снег на осојничавите места. Поради ниски температури има појава на голомразица. Се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.