Изложба на Борјана Божиновска во Музеј на Град Скопје

Од:

Во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Борјана Божиновска.

Поставката ја сочинуваат боени скулптури во керамика и други материјали, цртежи, фотографии и слика со забележливо настојување за прочистување на ликовните средства и формалните аспекти на делото.

Според организаторот, авторката всушност ја испитува можноста за изразни промени кога една идеја или мотив се пренесува во различни техники или медиуми. Во дeлата преовладува вертикалната поставеност на фигурите (со машки, женски и детски ликови) кои се групирани во „семејства“ со нагласен статичен распоред во просторот. Од друга страна хоризонтално поставените мотиви и даваат на композицијата извесна урамнотеженост.

– Борјана создава дела во затворен интимистички простор нагласувајќи го чувството на мир и хармонија. Фигурите се третирани во форма на дводимензионална упростеност (блиска на примитивната уметност). Ликовите добиле строг ан-фас, со ширум отворени, втренчени очи кои сугерираат интроспективен поглед. Во делата на Бoрjaнa се појавуваат библиски мотиви (со некои потсетувања на средновековната иконографија). Црната боја е присутна во различна ликовна функција и изразност, давајќи му на делото, што е случај и со белото извесно психолошко значење, се наведува кон изложбата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски