Хуманитарна изложба во Кавадарци

Од:

Хуманитарна изложба се одржа денеска во Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, беа изложени дела од тројца уметници, како и слики од децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Свети Кирил” од Скопје и од нивните родители.

Олгица Георгиева како претставник на Центарот, информираше дека установата постои три години и за тоа време, таму биле згрижени 42 деца со посебни потреби.

– Со нив работат физиотерапевт, логопед, психолог, педагог, професор по ликовна уметност, појасни Георгиева.

Изрази благодарност до општина Кисела Вода, која им доделила објект за Центарот.

– Се работи за поранешно училиште кое било напуштено петнаесет години. Го реновиравме и адаптиравме самите. Сега условите се идеални за децата. Меѓутоа, се уште фалат многу работи. Константно има потреба од обновување на дидактичките материјали. Ни фали ограда, уште сензорна интеграција. Сакаме и кујна бидејќи јас во саботите самоиницијативно ги обучувам децата кои се заинтересирани да готват, рече Георгиева.

Во Кавадарци беше и Розе Мојсовска, лице со посебни потреби кое црта со помош на устата.

– Пресреќна и презадоволна сум од изложбата. Сакам да порачам дека и ние со посебни потреби можеме да работиме на специфичен начин, нагласи Мојсовска.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски