Без водоснабдување утре од 09:00 часот до санирање на дефект ќе останат корисниците од улиците „Максут Садики“, „376“, „Самоилова“ и „Јоаким Крчоски“, во општина Чаир.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради дефект на затварач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на улица „Максут Садик“ број 10.