Триумф на Голден Стејт над Сан Антонио за водство од 2-0 на Запад

Од:

Убедлива победа со 136:100 забележаа кошаркарите на Голден Стејт ноќеска над Сан Антонио во вториот дуел од финалната серија во Западната конференција од НБА лигата и поведоа со 2-0.

За разлика од првиот меч, гостите од Тексас немаа сили за поголем отпор. Тие во составот го немаа повредениот Кавај Ленард, исто како и Тони Паркер кој веќе ја заврши сезоната поради повреда.

Победникот веќе се наѕираше уште по почетните минута, за по 20 минути да биде јасно дека „воините“ ќе слават убедливо со оглед на предноста од 26 поени (57:31).

Сан Антонио во еден момент од второто полувреме успеа да дојде на минус 20 (81:61), но тоа е се што направи.

Најефикасен во победничката екипа беше Стеф Кари со 29 поени, додека во Сан Антонио најдобар поединец беше Џонатан Симонс со 22 поени.

Следниот натпревар во серијата прв до четири победи ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела на теренот на Сан Антонио.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот