Родителството не е лесно, можеби дури и најтешка „работа“ во светот. Родителите се трудат своите деца да ги воспитуваат најдобро што можат, но понекогаш ненамерно лошо влијаат врз децата.
Друштвото, наставниците, но пред се родителите имаат важна улога во формирањето на иднината на децата. Ниту еден родител не е идеален, а психолозите велат дека тонот со кој им се обраќаат на децата, прекарите кои им ги даваат сето тоа може да има и негативно влијание.
Психологот, Лурдес Каранданг објаснува на кои начини негативно се влијае врз своите деца и како да се избегнат тие грешки.
Ги споредувате своите деца
Можеби ги сакате своите деца еднакво, но ако едното од нив постигнува повеќе успеси, можеби несвесно пред другото/ите го претставувате како поинакво. Тоа може лошо да влијае врз друготот дете или деца.
Др. Каранданг вели дека тоа е суптилно насилство, навреда, омаловажување на другото дете, а родителите често за тоа не се ни свесни.
Користите прекари
Смешните прекари можеби ви делуваат безопасно, но можат да остават „белег“ на детството. Секако дека не треба да го чувате детето под стаклено ѕвоно, но „прозивките“ како „мрзливко“ и скично, можат да влијаат на самодовербата кај децата.
Психологот вели дека кај децата може да се создаде одбивност кон родителите, но и да доведе до тоа децата да почнат да мислат лошо за себе на пример дека се мрзеливи, глупави….
Им давате лош пример
Родителите треба да бидат пример на своите деца, не само со зборови, туку и со дела. Затоа, на пример, ако нивниот татко и вика на мајката, децата ќе почнат да мислат дека е во ред мажот да ја третира жената како инфериорна. Исто така ќе мисли дека жената би требало да прифати такво однесување.
– Станува збор за тоа дека децата да се угледуваат на своите родители, додава психологот.
Едното дете го казнувате, а друго не
Иако родителите секогаш тоа го негираат, некои од нив имаат „омилено“ дете чии грешки најчесто не се казнуваат така строго како грешките на другите деца.
Др. Каранданг нагласува дека родителите би требало да се потрудат секогаш објективно да ја согледаат ситуацијатa и да бидат исти кон сите. Исто така иако повозрасните деца би требало да бидат поразумни, не треба да се занемарат ниту нивните чувства.
– Понекогаш не гледаме дека однесувањето потекнува од дома, така што би требало да бидеме внимателни во воспитувањето на своите деца, заклучува психологот.