Опожарени џип и автомобил кај „Три бисери“

Од:

Џип со скопски регистерски ознаки ноќеска целосно изгорел во пожар подметнат од непознати лица позади трговскиот центар „Три бисери“. Во пожарот бил зафатен и „Опел“ со скопски регистерски таблици, соопшти денеска полицијата.

На три минути по полноќ во ЕИК Скопје било пријавено дека позади ТЦ „Три бисери“ непознати лица на непознат начин опожариле „Мерцедес-Џип“ со скопки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ѓ. (46) од село Марино. Од пожарот било зафатено и комбе „Опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Љ. од Скопје. Од пожарот, „Мерцедес – Џип“ бил целосно опожарен, додека на комбето бил зафатен само еден дел. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Полицијата најави увид во текот на денешниот ден.

Во денешниот билтен полицијата соопшти дека синоќа околу 21:48 часот во Скопје, на ул. „Методија Митевски“, било забележан опожарен автомобил „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К. (44) од Скопје.

Пожарот настанал кај моторот, а како причина полицијата наведува најверојатно неисправна електрична инсталација. Од настанатиот пожар нема повредени лица, а причинета е само материјална штета која дополнително ќе биде утврдена. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници