Над 35 милиони денари од денеска ќе добијат 37-те нови акциски, мали и ад хок грантисти преку програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка – Цивика мобилитас за промовирање на нивните активности насочени во повеќе сектори.
Вкупно 15 организации добија акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации во висина од над 28 милиони денари кои сакаат да ги промовираат нивните активности, а ќе бидат насоченои кон добро владеење, граѓанското општество, меѓуетнички односи…
Грантови добија и осум мали акциски и 14 ад хок грантисти чиј буџет изнесува 7,5 милиони денари, кои во низ нивните активности во фокус ќе ги стават потребата од дебата, изборите, животната средина, човековите права, младите,…
Амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Таједа на новите грантисти им ги додели решенијата и им порача дека во ваква чувствителна политичка и општествена околина се истакнува улогата на граѓанското општество во промовирањето на дијалогот во општеството.
– Главната цел на оваа програма е да се градат односи меѓу граѓаните и организациите на граѓанското општество. Од оценките досега гледаме дека тоа веќе се случува и дека активните граѓани се многу важни во градењето на општествето, истакна Сутер Тејада.
Потенцира дека слободата на изразувањето е многу важна и дека затоа во програма се поддржуваат и организации од медиумите кои, според неа, се многу важни во градењето и поддршката на транспаретноста на властите на сите нивоа, како на национално така и на локално ниво.
Новата поддршка за граѓанските организации преку програмата Цивика Мобилитас започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата иснесува осум милиони швајцарски франци.