Кражба во црквата „Свети Јован Богослов“

Од:

Непознати сторители извршиле кражба во црквата „Свети Јован Богослов“ во тетовското село Прељубиште.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, ноќта меѓу недела и понеделникот разбојниците насилно влегле во црквата, откако го скршиле прозорското стакло од северната страна, по што од касата одзеле околу 700 денари во разни апоени и заминале.

Случајот бил пријавен вчера утрото од Д.Р.(40)., жител на селото.

Се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка