Децата со церебрална парализа се личности со име и презиме, општина Центар донесе одлука за нивно згрижување до изградба на новото училиште

Од:

Децата со церебрална парализа од Дневниот центар, до изградбата на новото основно училиште “Капиштец“ ќе бидат сместени во објектот на урбаната заедница „Славе Георгиевски – Шнајдерот“, кој е во сопственост на општина Центар.

Просторот е со површина од 250 м2, ќе биде целосно реконструиран, опремен и адаптиран за престој на овие лица. По изградбата на училиштето, тие добиваат на користење 300 м2 во новото училиште, со најсовремени услови и ќе имаат посебен влез во училиштето.

Оваа одлука, по предлог на градоначалникот Жерновски, ја донесоа едногласно советниците во општина Центар на вчерашната седница.

Новиот простор кој ќе го користат наредните две години е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала и ќе има соодветно адаптирани тоалети.

За жал, рекоа родителите, сите во оваа држава немале разбирање за специфичните потреби на лицата со попреченост на кои треба да им се дадат сите можности да ги уживаат правата и обврските кои се дел од едно хумано општество.

„Многу од тие врати пред нас останаа затворени. Дали овие тешки врати некогаш ќе се отворат за нас и дали ќе покажат малку повеќе почит и грижа за оние кои не знаат да се бунтуваат, туку само чекаат и молат. Децата и лицата со попреченост не се само статистички податок, тие се личности со име и презиме и имаат право на живот. Ние сме како водата, таа секогаш оди само напред и не се врти назад за да види кој пие од неа. Препреките ги пробива или мудро ги заобиколува. Ниеден камен не ѝ е дораснат“, рече еден од родителите на Здружението на деца заболени од церебрална парализа.

Претставници на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа присуствуваа на седницата на Советот на општина Центар и беа задоволни од одлуката и од разбирањето на општината за потребите на нивните деца.

Градоначалниот на општина Центар, Андреј Жерновски, кажа дека општината е тука за нив и дека за сите потреби на лицата со церебрална парализа, општината и лично тој стојат на располагање.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории