Бостон во финалето на Источната конференција

Од:

Кошаркарите на Бостон се пласираа во финалето на „Исток“ откако ноќеска во мајсторката на домашен терен го победија Вашингтон со 115:105 за вкупни 4-3 во добиени натпревари.

Решавачката предност домашниот тим ја направи во финишот на третиот период кога по водството на Вашингтон од 72:67 имаше серија од 18:7 за четвртината да ја заврши со водство од 85:79, кое успеа да го сочува до крајот на дуелот.

Најефикасен кај победникот беше Ајзеа Томас со 29 поени, но од голема важност беа кошевите на Кели Олиник, кој 14 од своите 26 поени ги постигна во последната четвртина.

Во редовите на Вашингтон и на натпреварот најмногу поени постигна Бредли Бил – 38.

Финалната серија на „Исток“ меѓу Бостон и НБА првакот Кливленд почнува утре навечер, а првиот дуел се игра на теренот на Бостон.

Во финалето на „Запад“ вечерва се игра натпреварот број 2, а водство од 1-0 има Голден Стејт против Сан Антонио.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот