Шест екипи добија лиценци од ФФМ за настап во европските купови

Од:

Шест македонски екипи ги исполнуваат условите за настап во европските фудбалски купови.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), односно одделението за лиценцирање денеска преку соопштение објавено на интернет страната на федерацијата информираше кои екипи може да добијат лиценца за настап во европските купови во следната сезона 2017/2018 година.

Тоа се првопласираните шест екипи од Првата македонска фудбалска лига.

– За учество во клупски натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2017/18 од Прва МФЛ пријава/барање доставија 7 клубови. По извршениот преглед на доставената документација, комисијата за лиценцирање на ФФМ ги донесе следниве одлуки. Се одобрува барањето и се издава лиценца за УЕФА натпреварувања на клубовите: ФК Вардар АД – Скопје, ФК Пелистер АД – Битола, ФК Работнички АД – Скопје, ФК Ренова АД – с.Џепчиште, ФК Силекс АД – Кратово и ФК Шкендија АД – Тетово, се истакнува во соопштението на ФФМ.

Од пријавените единствено штипска Брегалница не ги исполните строгите критериуми на УЕФА.

На две кола пред крајот сигурен настап на европската сцена имаат обезбедено Вардар кој ја одбрани титулата првак на Македонија, како и тетовска Шкендија која сигурно ќе заврши на второто место имајќи ја во предвид предноста која ја има во однос на трето рангираниот Работнички.

За место во евро-куповите односно квалификациите за Лига Европа сеуште се надеваат и Пелистер, Ренова и Силекс.

Квалификациите за пласман во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе стартуваат во месец јули.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он