(ВИДЕО) Манчевски: Во секој момент е можно да ги дадеме гаранциите на Иванов

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по исказот во Обвинителството за „крвавиот четврток“, кажа дека секој момент е можно да се дадат гаранциите кај Ѓорѓе Иванов за доделување на мандат за составување на новата реформска влада.

Манчевски рече дека се подготвуваат гаранциите, но не даде конкретен одговор дали писмото коешто треба да се достави до Иванов е веќе напишано и дали нивните ставови се конечно усогласени.

Во врска со „крвавиот четврток“, Манчевски кажа дека детално објаснил што се случувало во Собранието и додаде дека се надева дека ќе има одговорност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати