Хаосот во глобалниот кибер простор по викендов продолжува да се шири како резултат на хакерскиот напад кој беше извршен во петокот во голем број држави во светот.
Експерти предупредуваат дека со вклучување на компјутерите и службените интернет мрежи на почетокот на работната недела може да настанат уште поголеми штети, поради појавата на нови, уште поопасни мутации на компјутерскиот вирус „Wanna Cry“, кој предизвика хаос во интернет просторот на 150 држави.
Најпогодени од вурисот беа Русија, Украина, Велика Британија, Шпанија, Бразил, одделни компании во Германија, САД и Франција, а во Азија најзасегнати беа Кина, Јапонија и Индија.
Експертите ги советуваат организациите и компаниите итно да ги апдејтуваат постарите оперативни системи на Виндоуз, кои се уште се во употреба, со цел да ја зголемат заштитата од помоќните мутации на вирусот или кон неговите идни варијации, кои нема како да бидат спречени.
Тие предупредуваат дека вчера биле пресретнати нови варијатни на мутирачкиот вирус, при што еден од нив повеќе на ја содржел „болната точка“, која им овозможи на иследниците да го прекинат неговото ширење во петокот.
Експертот Рајан Кејлембер од компанијата „Пруфроинт инк.“, која помогна да се спречи ширењето на вирусот изјави дека новата верзија на вирусот, која не ја содржи „таа болна точка“ може да се шири, но е позитивно тоа што има друга слабост, која не и дозволува да „презема други компјутери и да бара откуп за отклучување на блокирани фајлови“.
Тој сепак не ја исклучи можноста од појава на мутант, кој нема да има слаби точки и предупреди дека се уште нема создадено заштита против таа опасност.
Заканата од „Wanna Cry“ останува и може да биде активиран од само еден корисник во дадена компјутерка мрежа, кој ако кликне на заразениот линк или порака, веднаш ќе ги зарази сите компјутери во мрежата. Тогаш на мониторите се појавува црвена боја и се јавува соопштение дека фајловите се заклучени и се бара откуп онлајн во вирутелна валута биткоин од 300 долари. Неколку часа подоцна следува второ предупредувњае за 600 долари, пред фајловите да бидат уништени.