Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по петти пат го освои трофејот на турнирот во Мадрид. Тој синоќа во финалниот меч го совлада Доминик Тим од Австрија со 2-0, по стеови 7:6 и 6:4.
За Надал ова е вкупно 30. трофеј на Мастерс турнирите и 52.трофеј на земјени терени.
Воедно за најдобриот шпански тенисер титулата од Мадрид е вкупно 72. во неговата кариера.
Следен предизвик за Надал е турнирот во Рим кој почнува денеска.