Северна Кореја изврши успешен тест на нова балистичка ракета

Од:

Северна Кореја соопшти денеска дека синоќа извршила успешно тестирање на нова балистичка ракета со „среден до голем дострел“, што може да биде приспособена да носи и „тешка нуклеарна боева глава“.

Во сооштението се посочува дека лансирањето на ракетата било извршено под раководство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Според севернокорејската државна агенција КЦТА, ракетата „прелетала 787 километри и достигнала височина од 2.111,5 километри“.

Пробното тестирање имаше за цел да ги провери тактичките и технолошките карактеристиките на балистичката ракета од нов тип, што е способна да носи голема тешка нуклеарна боева глава, се додава во соопштението.

КЦТА наведе дека за време на тестирањето Ким го обвинил Вашинготн дека ги „заплашува“ земјите кои „немаат нуклеарни оружја“ и предупреди дека САД го потценуваат фактот дека се „на дострел на севернокорејаски напади“.

– Ако САД постојано се обидуваат да ја предизвикуваат Северна Кореја, нема да ја избегнат најголемата катастрофа во историјата, изјави Ким.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт