Голден Стејт поведе со 1-0 во финалето на Западната конференција

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт ја постигнаа првата победа во финалната серија од плејофот на Западната конференција во НБА лигата.

Тие синоќа се наоѓаа пред пораз на дуелот со Сан Антонио кој во текот на втората четвртина во два наврата имаше позитива од 25 поени, а по четири минути од третиот период гостите водеа со 76:55. Тогаш се случи можеби клучниот момент на мечот. Каваи Ленард го повреди левиот глужд при незгоден доскок и за него мечот заврши, а неизвесно е дали ќе може да игра до крајот на серијата. Од тој момент Голден Стејт почна да фаќа резултатски приклучок и на крајот успеа целосно да го сврти резултатот во своја полза со 113:111.

Гостите од Тексас имаа шанса да победат и без својот најдобар играч и водството го чуваа до 46.минута, но во последните 120 секунди Голден Стејт направи серија од 8-0, доволно за конечен триумф.

Сетф Кари со 40 и Кевин Дуран со 34 поени беа предводници во победата на Голден Стејт, а најпрецизен во поразениот тим беше Ламаркус Олдриџ со 28 поени, додека Ленард поради повредата застана на 26 поени.

Следен натпревар е утревечер повторно на теренот на Голден Стејт.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот