А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Истекува мандатот на градоначалниците и советниците

by А1он15/05/2017 - 08:1215/05/2017 - 08:14214
Share0

Мандатот на градоначалниците и на советниците во локалните самоуправи истекува денеска. Поради тоа претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за денеска закажа состанок на претставниците на пратеничките групи кои треба да се договорат за законски измени за евентуално продолжување на нивниот мандат и за распишување на локалните избори.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС во петокот побара Парламентот најдоцна до денеска да одржи седница и да донесе решение за мандатите на градоначалниците и советниците, бидејќи, како што посочија оттаму, тогаш завршува првата половина на мај кога со закон престануваат да важат мандатите на градоначалниците и на советниците.

Според ЗЕЛС, можно решение е измена на Изборниот законик во кој наместо првата половина на мај ќе се стави друг датум за кој ќе се договорат политичките партии во Парламентот. Потребна е, сметаат од ЗЕЛС, и измена на Законот за локална самоуправа, како системски закон. Во него пишува дека советниците се избираат за време од четири години, а градоначалниците, пак, дека се избираат секоја четврта година. Тоа, според ЗЕЛС, значи дека со измените на Изборниот законик може да се реши проблемот со градоначалниците додека пак за советниците ќе биде потребна и измена во Законот за локална самоуправа.

Доколку не се најде соодветно решение, посочија од ЗЕЛС, на граѓаните ќе им бидат ускратени сите услуги што ги добиваат од локалната самоуправа, нема да можат да се исплаќаат плати во институциите под нејзина надлежност, како градинки и училишта и ќе се спречи реализацијата на инфраструктурните проекти, нема да може да функционира јавниот превоз…

Следете a1on на Youtube YouTube

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итно одржување на локалните избори, а како можни термини ги предлагаат 2 јули, средината на септември или најдоцна 15 октомври. Одложувањето што го прави СДСМ, велат оттаму е поради нивниот страв од пораз.

Од СДСМ пак велат дека најпрво е потребно да се формира новата влада, па да се распишат избори и го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека неговите неразумни блокади во Собранието довеле и до проблемот со локалните избори.

На 10 мај Уставниот суд на Република Македонија едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон, со што ќе се овозможеше градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори.

Подносителите на иницијативите – Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес бараа оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

Уставните судии одлучија дека Судот не е надлежен да одлучува за правни сиутуации кои не постојат, бидејќи, како што рече судијата известител Елена Гошева, тоа е во исклучива надлежност на закондавецот, односно Собранието на Република Македонија.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

gradonacalnicisobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто