СДСМ: Груевски не може да го спаси сваровски судството, реизбор на судии ќе има

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираа на изјавата на Никола Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судии.

„Граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски пракси.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со ниту една лага и манипулација да го спасат сваровски судството. Секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи. Груевски веќе не се прашува за ништо.

Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ