Работнички и Вардар во дербито одиграа нерешено

Од:

Дерби натпреварот од 33.коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево на Националната арена „Филип Втори“ меѓу Работнички и Вардар заврши без победник 2:2. Шампионот Вардар поведе во 36.минута преку Џамбули Џигаури. Работнички изедначи преку Нехар Садики во 54.минута. Вардар имаше ново водство во 60.минута со голот на Тигран Барсегјан, а конечните 2:2 ги постави Горан Силјановски во 87.минута.

На другите денешни дуели од оваа рунда: Ренова – Силекс 1:0, Брегалница – Победа 1:2 и Македонија ЃП – Шкендија 2:3.
Вчера Пелистер го совлада Шкупи со 1:0.

Табела: Вардар 76 бодови, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он