Хамилтон победник на трката за ГН на Шпанија

Од:

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија. Тој со подобра тимска тактика успеа да стигне до победничкиот пехар откако во 44.круг го мина Себастијан Фетел од Ферари. Инаку, Фетел имаше лидерско место откако откако во првиот круг успеа да го мине Хамилтон.

Другите два болида на Мерцедес и на Ферари не ја завршија трката. Раиконен (Ферари) во првиот круг имаше судар со Макс Ферстапен, а Валтери Ботас (Мерцедес) се откажа во 38.круг поради проблем со моторот.
Третото место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а зад него се пласираа: Серхио Перез, Естебан Окон, Нико Хилкенбург.
Во генералниот пласман во водство е Фетел со 104 бодови, пред Хамилтон со 98 бодови. На третата позиција е Ботас со 63, а на четвртото место е Раиконен со 49.

Следната трка ќе се вози на 28.мај во Монте Карло за Големата награда на Монако.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес