Македонската репрезентација во традиционално карате имаше успешен настап на Балканскиот Карате Шампионат, освојуваќи вкупно 3 златни, 4 сребрени и 7 бронзени медали во исклучително силна конкуренција на сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.
Балканскиот шампионат се одржа од 12 до 14 мај 2017 година во спортскиот центар “Шумице“ во Белград, Србија.
Резултати:
1.место – Балкански шампиони во Енбу м/ж, сениори-(Бојан Богдановиќ и Берта Милевска);
1.место – Балкански шампиони во џ.и.кумите-тим жени, деца
(А.Белазелкоска, М.Младеновска и К.Дробниќ);
1.место – Балкански шампиони во Енбу м/ж, деца- (Иван Трпковски и Катарина Дробниќ);
2.место – Балкански вицешампиони во ката тим, кадетки
(А.Белазелкоска, Ј.Милевска и Ј.Дробниќ);
2.место – Балкански вицешампиони во џ.и.кумите-тим, деца
(Д.Влахо, И.Трпковски и В.Андоновски);
2.место – Балкански вицешампион во џ.и.кумите, деца-(Мила Младеновска);
2.место – Балкански вицешампион во џ.и.кумите, кадетки- (Антонија Белзелкоска);
3.место – бронзен медал во фукуго, сениори-(Бојан Богдановиќ);
3.место – бронзен медал во кого-кумите, младинки-(Берта Милевска);
3.место – бронзен медал во фукуго, младинки-(Берта Милевска);
3.место – бронзен медал во кого-кумите, кадетки-(Јелена Дробниќ);
3.место – бронзен медал во фукуго, кадетки-(Јана Милевска);
3.место – бронзен медал во кати, деца-(Мила Младеновска);
3.место – бронзен медал во кихон, деца-(Иван Трпковски);
На Балканскиот Шампионат учествуваа 10 репрезентации: (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Романија, Турција и Бугарија).