Британската „Ројал банк оф Скотланд“ се подготвува за казна од над 564 милиони долари поради својата улога во манипулирањето со лондонската меѓубанкарска каматна стапка ЛИБОР, објави весникот „Сандеј тајмс“.
Весникот наведува дека банката е блиску до постигнување на договор со регулаторните тела во Европа и Северна Америка, што се очекува да биде потпишан на почетокот на идниот месец.