Гардијан: Техничар случајно спречи ширење на компјутерскиот вирусот кој го затресе светот

Од:

Со случајно активирање програма за гаснење малициозен софтвер, 22-годишен компјутерски техничар од Велика Британија успеа да запре хакерски напади врз установи и фирми во стотина држави во светот. Британскиот „компјутерџија“, идентификуван на интернет само како МалверТек (MalwareTech) откри дека софтверот со кој може да се запре нападот е со регистрирање изменето име на сајтот, објави Гардијан.

– Тоа не е готово. Напаѓачите ќе разберат како сме ги запреле, ќе го променат кодот и тогаш повторно ќе се обидат, нагласи тој.

Тој апелира до корисниците на ОС Виндоус да ги ажурираат своите системи за да не им бидат „запленети“ и да не мора да им плаќаат на напаѓачите.

Европол нагласи дека во тек е кибер напад „без преседан“, а компанијата Мајкрософт презеде необичен чекор нудејќи заради безбедност, и ажурирање на застарени верзии на својот ОС Виндоус. Мајкрософт пред завчерашните напади направи исправки само за постарите системи како што е Виндоус ХП од 2001 година и тие се бесплатни за сите корисници.

Нападите биле засновани на ранливоста на Виндоус. Мајкрософт објави дополнителни исправки во март, но компјутерите во кои не се вградени се предмет на нападот.

Малициозната програма преку мејл, блутут врска или на други начини влегува во компјутерските програми, ја користи таа слабост на софтверот и брзо се шири, како што им се случи во британските болници.

Француската полиција соопшти за над 75 илјади „заробени“ компјутерски системи во светот, од кои најмногу се погодени европски држави меѓу кои и Русија.

Преку уфрлениот вирус WannaCry за повторно пристапување до податоците се бараат 300 долари по компјутер во виртуелна банкнота Биткоин.

Меѓу погодените се и Германската железница кои соопштија дека има проблеми во сообраќајот. Радио Словенија јави дека фабриката на француски Рено во Ново Место од петокот не работи поради тој напад, а неколку напади се пријавени и од граѓани на државата.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски