Северна Кореја испука нов проектил од регионот Кусонг

Од:

Северна Кореја денеска испука неидентификуван проектил од регион во близина на својот западен брег, соопшти јужнокорејската армија. Засега не е јасно за каков проектил се работи, наведе јужнокорејски официјален претставник.

Јужнокорејски медиуми јавија дека се работи за балистичка ракета што прелетала окоу 700 км пред да падне во море.

Лансирањето било извршено во регионот Кусонг, северозападно од Пјонгјанг во област каде претходно е тестирана ракета од среден дострел.

Кина повика на воздржаност по новото испукување ракета од Северна Кореја, додека Белата куќа побара поголеми санкции за Пјонгјанг. Вашингтон го смета ова како провокација на која меѓународната заедница треба да одговори со поголеми санкции спрема Пјонгјанг.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека е можен „многу, многу сериозен конфликт“ со Северна Кореја иако повеќе би сакал дипломатски исход во врска со ракетната и нуклеарна програма на Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт