Учесниците на состанокот на Г-7 потпишаа манифест за сеопфатен економски развој

Од:

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-7 на денешниот состанок во Бари потпишаа манифест за сеопфатен економски развој, изјави на крајот на средбата италијанскиот министер за финансии Пјер Паоло Падоан.

– Документот ги поставува темелите на системот на единствена политика за постигнување на рамномерен економски раст, посочи министерот, кој прецизира дека во заклучната декларација се определени конкретни активности за повеќе теми.

– На овој состанок не говоревме само за глобалните проблеми, туку и разгледавме конкретни одговори на конкретни задачи, рече Падоан.

Учесниците особено внимание посветиле на кибер криминалот во финансиската сфера.

Тие признаваа дека кибер нападите се закана за економиите на земјите и за нивно спречување се потребни мерки на политичко ниво, се вели во изјавата, во кој се посочени и рокови за изготвување на соодветни мерки, до октомври 2017 година.

Учесниците го потврдија и мандатот на Организацијата за економска соработка и развој за оценка на условите за разработка на предлозите за воведување олеснување со даноци на најголемите интернет компании. Сите учесници беа едногласни дека заедничкото решение е поефикасно од националните планови, нагласи Падоан.

Претходно американскит министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека САД си го задржуваат правото на протекционистички мерки во трговијата.

– Ние не сакаме да бидеме протекционисти, но го задржувме правото да бидеме протекционисти, доколку сме убедени дека трговијата не е слободна и чесна, изјави тој на прес-конференција по состанокот.

Мнучин изјави дека ставот на САД е за „поизбалансирана трговија и луѓето го разбраа тоа“.

Во Г-7 членуваат Велика Британија, Германија, Канада, Италија, САД, Франција и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски