Со натпреварот меѓу Пелистер и Шкупи што се игра попладнево во Битола ќе стартуваа возбудувањата во 33.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот се игра ден порано од причина што битолчани сакаат да добијат ден одмор во пресрет на финалето од Купот на Македонија што го играат во среда (17.мај) против Шкендија. Почетокот на дуелот е во 16:30 часот.
Другите натпревари од ова коло се играат утре, а двојките се: Брегалница – Победа, Македонија ЃП – Шкендија, Работнички – Вардар и Ренова – Силекс. Почетокот и на овие дуели е во 16:30 часот.
Табела: Вардар 75 бодови, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.