Ѓоковиќ – Надал во првото полуфинале во Мадрид

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ од Србија ќе играат во првото полуфинале на тенискиот Мастерс во Мадрид.

Надал попладнево го совлада Давид Гофин од Белгија со 2-0, по сетови 7:6 и 6:2.

По неизвесниот прв сет кој беше решен на тај-брејк (7:3), Надал во вториот беше надмоќен.

Претходно Ѓоковиќ влезе во полуфиналето без борба, бидејќи неговиот противник во четвртфиналето, Јапонецот Кеи Нишикори го предаде мечот.

Во второто полуфинале ќе играат Пабло Куевас (Уругвај) и победникот од мечот Борна Чориќ (Хрватска) – Доминик Тим (Белгија).

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај