Доналд Трамп се заканува дека ќе ги укине прес-конференциите во Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани преку твит дека ќе ги укине сите идни прес-конференции во Белата куќа.

– Бидејќи сум многу активен претседател со работите кои се случуваат, не е можно моите соработници да застанат на говорница и да бидат совршено точни. Можеби е најдобро да се укинат сите идни брифинзи и да се даваат писмени одговори во интерес на вистината???, напишал Трамп на Твитер.

Ваквиот потег е направен по непријатната ситуација со која се соочи Белата куќа поради различните објаснувања за причините на Трамп да го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

Откако Трамп го смени Коми, неговите советници изјавија дека тоа го направил по препорака на заменик министерот за правда Род Розенстајн. Потоа и самиот Трамп и неговите советници истакнаа дека тој планирал да го отстрани Коми од функцијата уште пред да ја добие препораката.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски