Зголемени приходите на „Куманово – гас“

Од:

Јавното претпријатие „Куманово-Гас“ во првите три месеци од годинава остварило приходи во износ од пет милиони 415 илјади денари, а расходите изнесуваат пет милиони 965 илјади денари, што според одговорните од претпријатието, е досега најмала разлика во однос на претходните години.

Директорот на претпријатието Драган Петровски денеска изјави дека истиот период лани имале добивка од над три милиони денари.

– Приходите се значително зголемени, а планираме да работиме во таа насока и наредниот период, рече Петровски.

Од понеделник идната недела претпријатието ќе работи на изградба на приклучоци за дистрибутивната мрежа на улиците „Питу Гули“, „29 ноември“ и „Перо Тоше“ во централното градско подрачје при што е предвидено да се приклучат 29 домаќинства на гасоводната мрежа кои групно поднеле барање до претпријатието.

Минатата година според годишниот извештај на претпријатието, кој денеска беше изгласан од советниците на општина Куманово, изградени биле гасоводни делници на дистрибутивната мрежа во централното градско подрачје на улиците „Кочо Рацин“,„Пионерска“,„Кирил и Методиј“…

– Во завршна изградба е кракот на „Октомвриска револуција“ и се очекува да се приклучат пет станбени единици со приближно 100 станови, истакна Петровски.

Годишниот извештај на претпријатието покажува дека биле потрошени 382.883 нормални кубни метри гас што е значително зголемување во однос на 2015-та, кога биле потрошени 270.000 нормални кубни метри гас. Досега на гасоводната мрежа има вкупно 44 приклучоци од кои најголем потрошувач е затворениот градски базен.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски