Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата претстојната посета на Вашингтон „ќе постави камен темелник“ за нов почеток на односите на Турција и САД, двата НАТО сојузници.
Ердоган, исто така, се надева и дека разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијае на одлуката на САД за вооружување на курдските бунтовници во Сиријаа.
Белата куќа претходно најави дека Ердоган и Трамп ќе се сретнат на 16 мај.
Посетата на Ердоган на САД ќе уследи неколку недели по референдуот за уставни реформи, со кои се зголемуваат овластувањата на претседателот. Трамп тогаш му ја честиташе на Ердоган референдумската победа, што наиде на критики дека „ги затвора очите“ пред лидерите кои владеат автократски.