Во Струга тренинг-обука посветена на современите маркетинг практики

Од:

Стотина експерти по маркетинг од 11 држави од три континенти учествуваат во работата на последната тренинг-обука во рамки на проектот „Млади маркетинг полисмејкери за одржив развој (Youth Marketing Policy Makers for Sustainable Development – YouMUST)“ што од денеска се одржува во Струга.

Станува збор за активност поддржана од Европската комисија, насочена кон промовирање на економските потенцијали на Република Македонија, со цел продлабочување на маркетинг – знаењата преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот.

Во наредните седум дена 32 учесници од Македонија, Бугарија, Гана, Киргистан, Непал, Полска, Романија, Хрватска, Словачка, Словенија и од Чешка ќе разменуваат искуства и познавања од современите трендови за зголемување на креативноста и на организационите капацитети во функција на продлабочување на маркетинг-практиката во имплементацијата на трите столба на одржливиот развој: економските, социјалните и бенефитите за зачувување на животната средина, особено преку користењето на социјалните мрежи.

Координатор на проектот чија реализација почна во август минатата година е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга