Создавањето независна палестинска држава во границите од 1967 година е невозможно без посредување од Русија. Тоа го изјави денеска шефот на автономната палестинска власт Махмуд Абас на средба во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин.
– Ставот на Русија е тврд став. Тој став е насочен кон создавње независна палестинска држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим. Тој став неколкупати го слушнавме од вас, тоа е конечен став, нагласи Абас.
Тој се заблагодари на помошта на Москва за изградба на мултифункционелен културен и спортски центар во Витлеем.