Европска унија и Кина ќе одржат самит во Брисел на втори јуни, соопшти претставник на ЕУ.
Кинескиот премиер Ли Кечанг и претставниците на главните институции на ЕУ имаат за цел да испрата силна поддршка за парискиот климатски договор, од кој американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе се повлече.
– ЕУ и Кина ќе испратат многу, многу јасна порака дека ќе се придржуваме на парискиот договор без оглед што и да направат САД. Климата е голем дел од самитот и е високо на дневниот ред, истакна неименувам претставник на Унијата.