Реакција на општина Центар на изјавата на Цветко Грозданов

Од:

Издаденото решение за тениски терени од општина Центар е поништено, бидејќи АД за изградба на деловен и станбен простор од значење за Република Македонија, е во целосна сопственост на РМ, и решенијата ги издава Министерството за транспорт и врски, а не општината.

Проблемот се јавува кога по поништување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за ова подрачје, за добивање на решение за тениски терени потребно е претходно да се одобри архитектонско урбанистички проект за кој АД за изградба на деловен и станбен простор од значење за Република Македонија не е подготвено со техничка документација и Министерството за транспорт и врски не може да им го издаде бараното решение.

Проблемот не е во општина Центар, туку во бавната реакција на Акционерското друштво, се вели во реакцијата на Општина Центар на изјавата на директорот на АД за изградба на деловен и станбен простор, Цветко Грозданов.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории