Губење во просторот, дури и во позната средина, може да биде прв знак на Алцхајмерова болест, резултат е од најново истражување.
Во студијата на Универзитетот во Единбург се наведува дека е утврдена врската меѓу делот на мозокот кој се користи за навигација и можната болест.
Целта на новата студија под името „Да се спречи”, во која се вклучени и други британски центри, е да се откријат првите симптоми на болеста кај луѓето кои се уште се млади.
Алцхајмеровата болест обично не се дијагностицира до 60-тите години, кога веќе дошло до значајно оштетување на мозокот, пишува „Индепентент”.
Истражувачите наведуваат дека нарушените вештини за навигација се еден од првиот показател на болеста. Во текот на истражувањето се открило дека поголем би бил ризикот кај лица кои не постигнале подобри резултати во тестовите за мерење на способноста за визуелизација на својата положба. Испитаниците биле стари од 41 до 59 години.
Се открило дека кај нив делот од мозокот кој е задолжен за навигација, наречен хипокампус, е помал. Во истражувањето бил користен т.н. тест со четири планини, кога на испитаникот се покажува фотографија на планина кој тој мора да ја идентификува во селекција со четири други пејзажи.
Научниците утврдиле дека здравиот начин на живот може да го спречи развојот на болеста, вклучувајќи прошетка од 30 минути четири пати неделно.