Екипата на Бостон се наоѓа на една победа до пласман во финалето на Источната конференција откако ноќеска во натпреварот број 5 од полуфиналето на плеј офотна домашен терен убедливо го победија Вашингтон со 123:101 и поведоа со 3-2 во добиени натпревари. Домашниот тим водство имаше речиси во текот на целиот натпревар со исклучок на воведните две-три минути.
Најефикасен на натпреварот беше Ејвери Бредли со 29 поени од Бостон, додека кај Вашингтон Џон Вол реализираше 21 поен.
Следниот дуел (натпревар бр.6) се игра во петок на теренот на Вашингтон и доколку победи Бостон ќе се избори за финале на „Исток“ против шампионот Кливленд. Со триумф на Вашингтон ќе се игра мајсторка.