Сириец е осуден на доживотен затвор во Австрија за егзекуција на 20 невооружени војници од владините сили, пренесоа француските медиуми.
Мажот (27) се борел во редовите на бунтовничката Слободна сириска армија. Сириецот бил уапсен во бегалски мамп во Куфштајн, во западна Австрија, откако бил предаден од свој сонародник.
Мажот, признал дека во Хомс и околината во 2013 и 2014 година егзекутирал 20 ранети и невооружени војници од сириските владини сили. И покрај тоа што за време на процесот го повлекол своето признание, тој бил прогласен за виновен по обвиненијата за воени злосторства.