Директорот на ФБИ Џејмс Коми дознал за неговото отпуштање преку телевизија, додека бил на состанок во Лос Анџелес со локалните агенти на службата.
На телевизискиот екран започнале да емитуваат вести и Коми првично се насмеал, наведе едно од лицата кои присуствувале на средбата.
Но, откако завршил со говорот, тој излегол и повеќе не се вратил во салата каде се одржувал состанокот.
Подоцна, Коми отпатувал со авион од Лос Анџелес кон Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, изненадувачки, го разреши од функцијата директорот на ФБИ по препорака на главниот обвинител Џеф Сешнс, врз основа на тоа, дека тој не е во состојба да ја извршува функцијата.