СВР Куманово апелира матурите да се прослават достоинствено

Од:

Матурантите да се воздржат од употреба на алкохол и други психотропни супстанции за време на прославите на матурите, апелираше денеска СВР Куманово.

Од полицијата нагласуваат-матурските вечери, матурантите да ги поминат достоинствено, убавите моменти да ги паметат во текот на сиот свој живот, да не ги претвараат во кошмар или несакани настани.

СВР Куманово денеска апелираше и до класните раководители, стручните служби во училиштата, родителите на матурантите, да разговаат со учениците и да преземат соодветни мерки, да ги поучат како одговорно да се однесуваат за време на матурските прослави.

Родителите, стои во соопштението на СВР Куманово, да не им дозволат на матурантите да заминат на прославите со возило, без оглед на тоа колку нивото дете е разумно и одговорно, туку самите да ги превезат до угостителските објекти или да користат такси превоз.

Од СВР Куманово апелираат матурантите да избегнуваат расправии, тепачки и физички напади, со кои се нарушува јавниот ред и мир. Класните раководители треба да одржат класен час на кој на матурантите ќе им биде укажано за дотоинствен начин на прослава на матурите.

Би можело да ве интересира

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ