Дерби натпреварот во домашното ракометно првенство меѓу Вардар и Металург ќе се игра во нов термин.
Имено, заостанатата средба од 6.коло во Плејоф лигата, закажана за утре во СЦ „Јане Сандански’’ наместо во првиот објавен термин од 19 часот е презакажана за час и половина подоцна.
По барање на телевизијата која ќе врши директен пренос од дербито, мечот ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.
Денеска во продажба се пуштени и влезниците за овој меч, со цена од 100 денари.
Токму оваа средба може да биде и решавачка за шампионскиот трофеј сезонава бидејќи Металург во првиот меѓусебен меч во Автокоманда забележа победа со 29-26.
На водечката позиција на табелата екипата на Металург има три бодови (15) повеќе од конкурентот Вардар (12), а по нив следуваат Еурофарм Работник и Охрид со по 9, Пелистер има 6, а последно пласираниот Борец е без освоен бод.