Уставниот суд не поведе постапка, „виси“ мандатот на градоначалниците

Од:

Уставниот суд на денешната седница, одлучи да не поведе постапка за изборите и мандатот на градоначалниците.
Подносители на иницијативите се Светскиот македонски конгрес и Министеството за локална саноуправа, кои го оспорува членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на изборите, а тоа е првата половина на мај.

Уставниот суд е на став дека не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот. Уставниот суд ја цени содрината на одредбите, а не тоа што го нема и покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина, и не се знае што ќе се случува по 15 мај, доколку не се измени Изборниот законик. Одложувањето може да го направи самон Собранието.

Судијата известител беше Елена Гошева која предложи да не се поведе постапка по двете иницијативи.

Мандатот на градонацалиците и советниците истекува на 15 мај. Вчера ЗЕЛС апелираше да се најде решение, бидејќи по 15 мај ќе се блокираат општините, а граѓаните нема да можат да ги остваруваат своите права.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Скопските градоначалници бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

A1on

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска