Хјустон поведе со 3-2 во победи против Сан Антонио

Од:

Екипата на Хјустон поведе со 3-2 во победи против Сан Антонио во разигрувањето, односно плејофот во НБА лигата.

Кошаркарите на Хјустон до третиот тиумф во полуфиналето од Западната конференција против Сан Антонио стигнаа со синоќешната победа на гостински терен и тоа по продолженое со 110:107 откако регуларниот дел заврши нерешено 101:101.

„Ракетите“ до оваа победа ги предводеше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со „трипл-дабл“ од 33 поени, а имаше и по 10 скокови и асистенции. Во редовите на Сан Антонио најефикаасен беше Кавај Ленард со 22 поени и 15 скокови.

Следниот четврти меч на програмата е во петок (12 мај) наутро во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се игра во Хјустон.

Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Голден Стејт.

Во финалето пак на „Истокот“ актуелниот шампион Кливленд го чека исходот од пресметката меѓу Бостон и Вашингто дуел во кој моменталниот резултат е 2-2 во победи.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот