Обука за развој на претприемничкиот дух и отворање на нови бизниси во Прилеп

Од:

Во Прилеп денеска се одржа обука за зајакнување на бизнис- претприемничките и комуникациони вештини на Ромите кои имаат аплицирано на мерката од АВРМ за самовработување. Организатори на настанот се НВО „Ромска солза“ од каде што истакнаа дека се надеваат дека овие обуки за претприемништво и за нови бизниси ќе придонесат во иднина да се зајакне претприемничкиот дух и дека ќе се зајакне економската состојба на граѓаните од ромска националност. Проектот „Адекватен пристап на Ромите на пазарот на трудот“ е финансуран од ЕУ.

„Во рамки на овој проект се одржаа 3 мотивациони работилници и 2 фокус групи каде имавме присуство на 45 лица. На фокус групите претежно разговаравме за проблемите на Ромите околу процесот на барање на работа, а во рамки на мотивационите работилници разговаравме како Ромите да се мотивираат да се вклучат во активните мерки од оперативниот план на Владата на РМ. Задоволни сме од резултатите, имаме 5 нови апликанти за мерката самовработување, од кои 4 ја поминаа првата фаза, се надваме ќе стигнат до финалната селекција и дека ќе отворат нови бизниси, а веќе постоечките бизнисмени се надеваме дека ќе инвестираат во развој на истите се со цел да се вработат други Роми, а со тоа ќе се зајакне и економската состојба на ромска националност. Во рамки на проектот се изврши и теренско истражување со анкетни прашалници кои беа дистрибуирани во ромската населба и врз основа на тие прашалници ќе следи и анализа која ќе биде доставена до локалната самоуправа, Советот на Општина Прилеп, Регионалната стопанска комора како и донаторите“, рече Киршан Мамудовски, НВО Ромска солза.

Од оваа невладина организација истакнаа дека напоредно со теренското истражување се извршило и истражување на бизнис секторот, имале одредени индикации и информации кои што им ги давале фирмите и се надевале дека соработката ќе продолжи во иднина како со Регионалната стопанска комора, така и со приватните бизнисмени од градот и Општина Прилеп. Со таа соработка во иднина би се развиле проекти кои ќе донесат подобар живот за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски