СОБ обвинува дека МО ја нема исплатено членарината за мај

Од:

Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) денеска обвини дека Министерството за одбрана го спречува нормалното функционирање на синдикатот и го крши колективниот договор согласно кој е должен да ја уплатува членарината на сметка на синдикатот.

Претседателот на СОБ, Ристо Ајтов на прес-конференција соопшти дека Министерството за одбрана ја нема уплатено членарината за мај на сметката на синдикатот, иако таа редовно се исплатувала во изминатите 20 години.

– Поради кражбата на синдикалната чланарина, СОБ ќе покрене кривична пријава за злоупотреба на службената должност против сите вработени во МО кои учествувале во истата, како и постапка за надомест на штета пред надлежните судски органи, рече Ајтов.

Во однос на новоформираниот синдикат на одбраната и безбедносните сили (СОБС), Ајтов изрази сомневање дека целата работа е направена за да се уништи СОБ од страна на раководството на Министерството за одбрана и одредени лица во Министерството за труд и социјална политика.

Синдикатот на одбраната и безбедноста во соработка со Независниот синдикат на професионални војници најавија и активирање на барањата за зголемување на платите во одбраната за 20 проценти, зголемување на дневниците и подобрување на условите за работа.

Според синдикатите, припадниците на АРМ користат стари униформи и опрема, а како неуспешен го посочуваат и проектот „АРМ – мој вистински дом“ поради, како што посочија, високата цена на чинење.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска