ДОМ: На ред е Дојран да каже НЕ за рудници, ДА за туризам!

Од:

ДОМ упатува апел до градоначалникот, советниците и граѓаните на Дојран да го заштитат своето најголемо богатство – природата, со тоа што ќе им се придружат на граѓанските иницијативи во Валандово и Богданци против рудникот за бакар Казандол. Сега е на ред Дојран да каже НЕ за рудници, ДА за туризам!

Зашто нема туризам и здрава храна во подножјето на рудник со површински коп, со лужење руда во отворени базени со сулфурна киселина и со ридови отпадна прашина.

Истовремено, им честитаме на валандовчани за успешниот почеток на иницијативата за референдум, како и на градоначалничката и сите советници од општина Богданци, кои изгласаа одлука за референдум. Сите тие покажаа не само висока еколошка свест, туку и граѓанска чесност и одговорност. Веруваме дека исходот на сите референдуми ќе биде позитивен и ќе го следи оној од Гевгелија против двата рудника за злато на Кожуф.

Со успехот на овие референдуми и со зачувување на животната средина ќе може да продолжи економскиот развој на овој питом регион, базиран врз производство на здрава органска храна и туризам. Ова ќе значи и јасна обврска за владата да им даде силна поддршка и дополнително да вложи во напредок на овие гранки, преку сериозни буџетски средства и преку недоволно искористените европски фондови за рурален развој, како резултат на што ќе се отворат илјадници нови зелени работни места, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски