Две години по вооружената престрелка во кумановското Диво Насеље, жителите на ул. Перо Илиевски велат дека се уште се згрозени од настаните во 2015 година. За престрелката во која загинаа 8 припадници на полицијата и 10 припадници на вооружената група, граѓаните ја обвинуваат власта во заминување.
– Тоа што се случи тука власта знае подобро од мене, подобро од сите. Не е само тука, таа банда била секаде, потоа дошле овде, вели Рустем Ибрахими.
– Децата се уште чувствуваат трауми, имаме деца од 2 до 10 години, прашуваат дали уште ќе има пукање. Полицијата ги малтретираше граѓаните тука, тие што ги однесоа во Скопје не ги малтретираа, вели Адем Ибрахими.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски во изјава за медиумите вели дека случувањата од 9. и 10. мај 2015 година се поврзани со политичката криза.
– Куманово имаше големо премрежје на 9. мај, погинаа невини луѓе, на чии роднини им искажувам сочувство. Куманово покажа дека има сила, рече Дамјановски.
Две години подоцна, се уште не е завршено судењето за Диво Насеље. Обвинителството товари 29 од вооружената група и тврдат дека имаат 40 заштитени сведоци.
Александар Тодески