(ВИДЕО) Спасовски: Ќе има темелни реформи за целосно професионална полиција

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денесна одржа прес конференција на која што посочи на реформите кои што ќе се спроведуваат во македонската полиција.

„Новата реформска Влада предводена од СДСМ е одлучна да спроведе темелни реформи во полицијата и безбедносните служби, со цел полицијата да стане целосно професионален, модерен и ефикасен сервис на граѓаните на Република Македонија.

Видовме дека во МВР, во полицијата и безбедносните служби има професионалци кои за време на 10-годишниот режим, за време на насилството во Парламентот, за време на обидите за дестабилизација, одговорија совесно и достоиствено во интерес граѓаните.

Заедно со професионалците, ќе ги направиме потребните реформи преку коишто ќе овозможиме полиција што ќе ги штити исклучиво граѓаните, а не нечии лични, партиски или какви било други интереси.

Никогаш повеќе никој нема да смее да ја злоупотребува полицијата од партиски штабови, ниту пак во неа ќе има место за криминалци!

Ќе обезбедиме полиција којашто неселективно ќе се бори со криминалот и корупцијата преку непристрасно спроведување на законите за сите.

Новата Влада ќе застане цврсто зад личното и професионално достоинство на сите припадници на полицијата и безбедносните служби што ја извршуваат оваа одговорна обврска, се грижат за безбедноста на граѓаните и ја гарантираат сигурноста во државата.

Ќе ги подобриме условите за работа на вработените во полицијата и безбедносните служби, како и нивниот работен статус.

Ќе ја зајакнеме довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните што е предуслов за безбедноста на граѓаните. Еден од механизмите е преку полицаецот – позорникар на улиците во населените места.

Што се однесува до безбедносните служби, една од клучните реформски активности ќе биде во Управата за безбедност и контраразузнавање, согласно препораките на Прибе и европски искуства. Новата Влада целосно ќе ја поддржи собраниската контрола над оваа Управа.

Владата ќе поддржи механизми за мониторинг над полициското постапување во случаи на директна или индиректна инволвираност на полицијата во општествено непожелни дејствија.
Еднаквост пред законот мора да има за сите.

Само преку деполитизација и декриминализација на полицијата можеме да изградиме професионален и ефикасен безбедносен систем што ќе ја гарантира безбедноста, стабилноста и правната држава, каква што сме одлучни да ја изградиме Република Македонија“ изјави Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ