Кливленд прв обезбеди конфенерциско финале

Од:

Актуелниот НБА шампион Кливленд прв се пласира во конференциското финале, додека екипите на Вашингтон и Хјустон го израмнија резултатот на 2:2 во дуелите со своите противници во полуфиналната рунда.

Шампионот Клувленд со максимални 4-0 во победи стигна до финалето на Источната конференција. Синоќа Кливленд на гостински терен го совлада Торонто со 109-102. Леброн Џејм средбата ја заврши со 36 поени, девет скокови и шест асистенции, додека Кајри Ирвинг имаше 27 поени, девет асистенции и пет скокови.

Противник на Кливленд во финалето ќе биде подобриот во дуелот меѓу Бостон и Вашингтон, во кој резултатот сега и израмнет на 2:2 во победи, откако ноќеска Вашингтон славеше со убедливи 121-102. Џон Вол кој оствари „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 12 асистенции беше најзаслужен за оваа победа на „Визардси“.

Во Западната конференција и тимот на Хјустон се избори за израмнување на резултатот на 2:2 во победи во дуелот со Сан Антонио откако „Ракетите“ го добија синоќешниот меч пред своите навивачи со 125-104.

Џејмс Харден имаше „дабл-дабл“ со 28 поени и 12 скокови, додека Гордон беше стрелец на 17 поени за домашниот тим.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот